| четврток, 6 декември 2018 |

Богданов повторно во акција (фото)

Познатиот хулиган и главен креатор на немирите во Џенова, Иван Богданов, повторно беше во акција, овојпат на „ЈНА“ во Белград. Богданов е дел од лидерите на навивачката група „Делии“, приврзаници на Црвена Звезда, а синоќа повторно беше во центарот на вниманието.

Тој влета меѓу првите на теренот на Партизан, при прекинот на дуелот меѓу Србија и Албанија, но овојпат веднаш беше сопрен од полицијата.

bogdanov

Богданов се „истакна“ во Џенова во 2010 година, за време на мечот меѓу Италија и Србија, кога ги предводеше немирите на трибините. Сликите како „мафта“ со клешти на трибина со гостински навивачи го обиколи светот. Србија го загуби тој меч со службен резултат од 0-3.

bogdanovic

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top