Не е повреден ниту еден од патниците кои беа во возот на релацијата Скопје – Гевгелија, од кој вчера попладне се откачи вагон на потегот на пругата меѓу Миравци и Милетково. Според директорт на МЖ Транспорт Оливер Деркоски станува збор за обичен технички дефект, а шесте патници кои биле во возот немаат никакви повреди и се транспортирани до крајната дестинација.
– Се случи обичен технички дефект, пукање на квачило и активирање на автоматска кочница. Во тој момент согласно механизмот на возот се активира автоматската кочница. Тоа се случило на влезот во станицата во Миравци, каде што возот се движи со мала брзина. Во возот имало 6 патници, кои веднаш се транспортирале таму за таму каде се упатени, рече Деркоски.
Во секојдневна работа, појасни, многу често и при маневрирање на возовите се случуваат вакви работи, и ништо не е невообичаено. Се случуваат и механички дефекти, иако се вршат технички плрегледи, изјави директорот на МЖ Транспорт
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.