
Среда ќе помине во знакот на релативно преоменливо време, особено во северната половина на земјата. Но, променливоста ќе се однесува пред се на облачноста. Претпладне повторно ќе има локална појава на ниска облачност и слаба магла, особено низ котлините во источниот крај и во Повардарие. Помалку облаци и подолги сончеви периоди се очекуваат во југозападното подрачје.
Денот ќе биде релативно топол. Според метеопро.мк, максималната температура ќе достигне вредност 23 Целзиусови степени во северната половина на земјата. Малку ќе „двои“ и југозападниот регион во поглед на дневната температура, која таму ќе има вредност 25 Целзиусови степени. Југоисточниот регион очекува максимална температура до 28 Целзиусови степени.
Во скопската котлина се очекува променливо време со подолги сончеви периоди, но повторно со услови за појава на ниска облачност и слаба локална магла претпладне. Максималната вредност на температурата ќе достигне вредност до 25 Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


