Американските царински и здравствени власти на аеродромите во Вашингтон, Чикаго, Атланта и Њујорк од четврток ќе почнат да ја мерат температурата на патниците од Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја, пренесоа американските медиуми.
Според властите, проверките даваат уште едно ниво на заштита против ширењето на еболата.
Здравствените власти ќе користат термометри, кои ја мерат температурата без допир, за откривање на болни патници.
Проверките почнаа во саботата на меѓународниот аеродром „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк.
Центарот за контрола и спречување на болестите соопшти дека од четврток ќе почнат проверки на аеродормите „Дулес“ во Вашингтон, „О’Хер“ во Чикаго, „Либерти“ во Њујорк и „Хартсфилд-Џексон“ во Атланта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)


