Поранешниот англиски фудбалер Дејвид Бекам ќе ја предводи кампањата на УНИЦЕФ за превенција од ебола.
Бекам одлучи да помогне во поткревањето на свеста за еболата и за начините на превенција на ширењето на оваа болест, а тоа ќе го направи по пат на видеоснимка.
Оваа снимка ќе биде прикажана во Западна Африка, а во неа Бекам ќе ги демонстрира начините за контрола на ширењето на вирусот во Либерија, Гвинеја и во Сиера Леоне.
Епидемијата на ебола досега зеде повеќе од 4.000 животи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


