| четврток, 6 декември 2018 |

Хонг Конг „лапна“ седмица од Аргентина

Фудбалерите на аргентинската репрезентација го декласираа составот на Хонг Конг со 7-0 на пријателски натпревар што се играше попладнево.

Актуелниот светски вицепрвак се поигруваше со ривалот од Азија и до врв ја наполни мрежата на голманот на Хонг Конг, Јап.

Голеадата ја најави Банега во 18. минута, ја продолжија Игуаин и Гајтан со по два гола, а ја зачини Лионел Меси со уште два погодоци. Играчот на Барселона ги играше само последните половина час, откако го замени Пасторе и за кусо време ја потврди светската класа. Постигна два погодоци и имаше аистенција до Гајтан, за супер седмица на Аргентина против Хонг Конг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top