| четврток, 6 декември 2018 |

Со секоја цигара 14 минути помалку од животот – колку нѐ чинат зависностите?!

zivot_14102014_screen

Екипа од веб-страницата „Treatment4addiction“ пресметала колку време одземаат од животот пушењето, алкохолот и дрогата.
Treatment4addiction2_14102014_Treatment4addiction
Редовното консумирање на две или повеќе чашки алкохол дневно, според нивните резултати, му одзема на човекот дури 23 години од животот.
Treatment4addiction11_14102014_Treatment4addiction
Редовното пушење 20 цигари или една кутија дневно ни одзема 10 години од животот, додека, пак, само една цигара како хронични пушачи нѐ чини 14 минути.
Treatment4addiction3_14102014_Treatment4addiction
Зависниците од кокаин со секоја нова доза дрога губат печ часа, а со секојдневно земање 34 години или, во просек, умираат на 45 години.
treatment4addiction5_14102014treatment4addiction
Зависниците од метадон го скратуваат својот живот за 38 години и, просечно, умираат во 41. година од животот.

treatment4addiction66_14102014_treatment4addiction

Хероинот одзема дури 41 година од животот, а,во просек, од оваа дрога умираат на 38 години. Просечната возраст кога зависниците почнале да консумираат хероин е 23 години.

treatment4addiction7_14102014_treatment4addiction

На оваа табела можеме да видиме колку часа од животот ни крати секоја поединечна консумација на одредена цигара, дрога или алкохол.

Сепак, посочено е дека постојат многу фактори кои секојдневно влијаат врз луѓето, а со тоа и на стопроцентната прецизност на добиените резултати, кога станува збор за  цигари, алкохол или дрога.

treatment4addiction8_14102014_treatment4addiction

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top