| четврток, 6 декември 2018 |

Косовски навивачи предводени од УЧК во Белград на фудбал (фото)

Група навивачи од Косово, предводена од поранешниот припадник на УЧК, Алберт Кастрати, тргна кон Белград за да ја поддржи Албанија на вечерашниот натпревар со Србија.
Албанските медиуми се повикуваат на изјава на Кастрати, кој тврди дека вегол во Србија. Тој на својот профил на „Фејсбук“ објави слика од граничниот премин Прешево. Тамошните медиуми наведуваат дека навивачите се веќе тргнати или се во Белград и дека имаат набавено влезници за дуелот со Србија. Кастрати тврди дека, и покрај тоа што заминувањето на Албанците е забрането, ден дел од навивачката група „Плисат“ веќе заминал за Белград додавајќи дека ако на останатите навивачи им се забрани влез, постои план Б, но не сакал да говори за него.
Како што пишува српски „Телеграф“, од ФСС не можат да го спречат доаѓањето на Албанците од Косово, кои, пак, се очекуваат во голем број и покрај забраната на УЕФА за присуство на гостински навивачи. Причината е српскиот пасош што го поседуваат Албанците од Косово.

– Срби, тука сме – е само еден од коментарите на навивачите објавен на „Фејсбук“ покрај фотографиите со кои сакаат да покажат дека веќе се пристигнати во Белград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top