| четврток, 6 декември 2018 |

Робен: Ова не личи на Холандија

Репрезентативецот на Холандија Арјен Робен е незадоволен од тоа како тој и неговите соиграчи го одиграле квалификацискиот натпревар за ЕП 2016 година против Исланд.

Холанѓаните синоќа претрпеа пораз од Исланд со резултат 2-0, а фудбалерот на Баерн Минхен имаше што да каже по мечот.

– Ова не личи на Холандија. Сами сме виновни. Мораме да се прашаме зошто ги искомпликувавме работите. Не би требало да се обвинуваме меѓу себе, но ова што се случи е неверојатно – изјави разочараниот Робен.

Холандија по три меча има само три бода во Групата А, додека Исланд и Чешка имаат максимални девет бода. Холандија на натпреварот во 75 проценти ја имаше топката, но тоа не им донесе некаков профит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top