| четврток, 6 декември 2018 |

Пенелопе Круз најсексапилна жена за 2014 година

Пенелопе Круз на насловната на ноемврискиот број на Esquire

Пенелопе Круз на насловната страница на ноемврискиот број на „Есквајер“

Шпанската актерка Пенелопе Круз е прогласена за најсексапилна жена од американското издание „Есквајер“. Ѕвездата во пет од филмовите на Алмодовар, како и од „Вики, Кристина, Барселона“ на Вуди Ален е 11. по ред славна личност, која добива титула од списанието и со тоа се впишува до имиња на Анџелина Џоли, Хали Бери, Ријана, Шарлиз Терон и Скарлет Јохансон. Освен со специјална фотосесија во самото издание, 40-годишната актерка ја краси насловната страница облечена во сексапилен црн костим за капење.

Во новиот, ноемвриски број, кој треба да излезе на 21 октомври, Круз изјавила дека имала афинитети кон драмата уште во тинејџерските години и во 20-тите потоа, но сега не може да не биде помалку заинтересирана.

Актерката секогаш го држи својот приватен живот настрана од јавноста, затоа и не е новина дека одбива да го коментира својот сопруг, актерот Хавиер Бардем, како и нивните две деца со зборовите: „Тоа си е за нас“.

Наредните улоги во кои можеме да ја видиме се во шпанскиот „Ma Ma“, како и во „Гримзби“ заедно со Саша Барон Коен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top