На самиот почеток на подготовките во НБА-лигата, македонскиот кошаркар Перо Антиќ заработи повреда на носот, поради која мораше да оди на операција. Сега се врати на паркетот, но мора да игра со заштитна маска.
– Тешко е да се игра со маска. Првпат во животот имав повреда на носот. Не можам да гледам кога носам маска. Тешко е да се приспособам, но морам да ја носам – изјави Антиќ.
Според докторите од центарот на Хокс заштитната маска треба да ја носи до 1 ноември, но како што вели Антиќ, маската се замаглува и му пречи да шутира од далечина, па на првиот меч од регуларната сезона ќе му биде тешко.
Тренерот на Атланта, Мајк Баденхолцер истакна дека очекува Антиќ да одигра барем еден од трите пријателски натпревари на екипата во оваа недела.
– Се надевам до крајот на неделата ќе може да игра – рече Баденхолцер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.