Поранешниот шеф на косовската дипломатија, Скендер Хисени, изрази сомневање дека одредени признавања на Косово се издејствувани со поткуп.
– Косово не треба и не смее да се гради на невистинити и фалсификувани претпоставки како што се разни ветувања за инвестициска помош – изјавил Хисени.
Тврдењето на Хисени го негираа косовските власти, а заменик-премиерот Мимоза Кусари Љиља рекла дека неговата изјава е штетна за Косово.
– Косово нема фондови да ја корумпира државата за да биде признаена – рекла Кусари.
Сомневањата на Хисени се дека во некои земји, во кои биле високи функционери на косовската влада, биле правени разни трансакции за да обезбедат признавање на Косово. Неговиот став е дека лобирањето треба да биде „совршено чисто“.
– Загрижен сум поради поединечни изјави дека дури и заменик-премиерот и министрите, понекогаш, да кажеме во африканските земји, се обиделе да направат разни трансакции во кои било вклучено и признавањето на Косово, преку различни инвестиции или купување компјутери… – изјавил Хисени.
Косово досега е признаено од 90 земји, меѓу кои и 22 земји-членки на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации