| четврток, 6 декември 2018 |

Турски проектил ја стресе Летонија (видео)

Играчот за врска во турската репрезентација Билал Киса го постигна, веројатно, најубавиот гол во досегашниот тек од квалификациите за пласман на ЕП во Франција, а проектилот со кој ја затресе мрежата на Летонците, сепак, не ѝ донесе победа на неговата селекција.

Киса упати силен проектил од далечина во 47. минута, удар што беше недостижен не само за Колинко, туку за кој било голман на планетата. Проектил што ја стресе Летонија, но не ја „клекна“ на нозе, па со голот од пенал на Шабала, домаќините израмнија на 1-1 и освоија еден бод против фаворитот Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top