| четврток, 6 декември 2018 |

Анализата заврши, неизвесноста остана: Дали телото е на Дениса?

denisaСè уште нема резултати од ДНК-анализата на трупот што минатата недела беше извлечен од водите на Егејското Море. МВР потврди дека сè уште немаат добиено никакви информации од грчките власти, кои требаше да утврдат дали пронајдениот труп ѝ припаѓа на исчезнатата Дениса.

За извршувањето на споредбата ДНК даде таткото на девојката, но и семејството сè уште нема никакви официјални информации од Грција.

Анализата треба да го утврди идентитетот, но и начинот на кој настанала смртта, односно дали станува збор за убиство, самоубиство или за несреќен случај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top