Дваесет и едногодишната Сабина Алити, која вчера беше пронајдена мртва во водите на Вардар во близина на тетовско Сараќино, се подготвувала да замине за Германија. Како сонот за подобар живот завршил трагично, сè уште не се знае.
Според тврдењата на нејзиното семејство, девојката за последен пат била видена завчера околу 19 часот кога нејзиниот сопруг, 22-годишниот Зулхан се вратил од работа. Таа останала надвор од куќата додека тој внатре се миел, а кога повторно излегол неа ја немало повеќе.
Потрагата почнала веднаш.Откако по повеќечасовна потрага не ја нашле, половина час по полноќ ја пријавиле в полиција како исчезната .
Роднините тврдат дека таа постојано контактирала со своето семејство во Германија, а планирала во најскоро време да им се придружи со сопругот и со бебето што го очекувале, за што го чекала само пасошот.
Причините за смртта на Сабина ќе бидат познати откако ќе бидат готови резултатите од обдукцијата на телото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


