| четврток, 6 декември 2018 |

Порибени водите на реката Вардар

poribuvanje

Во водите на реката Вардар денеска беа пуштени 10.000 парчиња македонска ендемична пастрмка, во организација на Град Скопје, Македонската риболовна федерација, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државниот земјоделски инспекторат и Министерсвото за животната средина и просторно планирање.

Како што информира Град Скопје, проектот опфаќа порибување на водите на реките Вардар и Треска и езерото Матка и има за цел да се овозможи заштита на македонската пастрмка и вретенарот, а со тоа и зголемување на бројноста на популацијата во течението на реката Треска, вклучувајќи ги и акумулациите Матка, Св.Петка и Козјак. Доколку ова не се направи, како што се наведува во соопштението, постои реална опасност засекогаш да се изгубат овие специфични видови риба, кои се наше природно богатство и наш симбол.

На порибувањето присуствуваа претставници од Град Скопје, Македонската риболовна федерација, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државениот земјоделски инспекторат, претставници од Министерството за животната средина и просторно планирање и од Одделението за рибарство при Институтот за сточарство, се наведува во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top