| четврток, 6 декември 2018 |

Исчистени наносите од смет и дрвја на мостот на Вардар кај неготинско Пепелиште

4b5bf92758fd1e4d9a63d98af9deb94c

Наносите од смет и дрвја кои обилните дождови вчера ги донесоа на носечките столбови на мостот на реката Вардар кај мостот близу неготинското село Пепелиште, на патот од Неготино кон Штип се исчистени, информира попладнево неготинскиот градоначалник Ванчо Апостолов.

– Поради обилните дождови и топењето на снегот се зголеми водостојот на реката Вардар, која донесе дрвја и смет на столбовите од мостот кој неодамна беше комплетно реконструиран. Презедовме активности со цел да се ослободат столбовите на мостот од притисокот и да се елиминира потенцијалната опасност од нивно оштетување, рече Апостолов.
Истовремено, како што додаде, се санираат штетите од дождовите во неготинското село Војшанци, во кое беа поплавени десетина куќи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top