| четврток, 6 декември 2018 |

Каталонија го одложи референдумот за независност

katalonija-protesti-06

Каталонската влада реши да го откаже спорниот референдум за независност закажан за 9 ноември. Ова било решено по состанокот на владата со претставници на прореферендумската партија што се одржал вчера вечер, соопшти Жоан Ереро од партијата  Иницијатива за Каталонија.

Владата во Каталонија под раководство на Артур Маса денеска ќе објави алтернативен предлог во врска со референдумот. Шпанската конзервативна влада зазеде став дека референдумот би бил неуставен, а Уставниот суд на Шпанија наложи одложување додека не се провери неговата уставност, што би можело да потрае со години.

Претходно властите во Каталонија навестуваа дека нема да ги менуваат своите референдумски планови и покрај таквата одлука на судот, но до вчера пропушти некои чекори неопходни да се одржи изјаснувањето на граѓаните на Каталонија, како што се објавување на гласачките места или изборната листа. Истражувањето на јавносто мислење од 5 октомври укажува дека само 23 отсто од Каталонците ја поддржуваат идејата за референдум во кое било време, додека 45 отсто биле за почитување на одлуката на Уставниот суд. Каталонија, која во шпанската економија учествува со околу една петина, како и поголемиот дел од земјата тешко е погодена од рецесијата во последните години, што придонесе за подгревање на страстите на националистите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top