Убав ден за паметење во семејството Бабунски и две победи на Македонија во кои голем удел имаат талентираните младински фудбалери Доријан и Давид.
Дуото Д&Д заедно постигнаа 4 гола за две различни макредонски фудбалски селекции во ист ден, а особено се истакна Доријан со хет-трик против Лихтенштајн за селекцијата до 19 години.
За жал победата од 5-1 беше пирова и не нѝ донесе пласман понатаму, но останува забележан одличниот учинок на 18-годишниот член на младинската Академија на гиганот Реал Мадрид.
Вчера и Давид Бабунски блесна и со погодок против романската селекција за играчи до 21 година беше креатор на победата на Македонија од 2-1. Голот е ремек-дело, а Давид кој веќе игра за вториот тим на Барселона, уште еднаш го презентираше раскошниот талент на „Филип втори“ арената во Скопје.
Имаме талентирани играчи, браќата Бабунски се вистински бисери и Македонија не треба да е грижи за фудбалската иднина, само ако се работи правилно со нашиот потенцијал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


