Исланд направи вистинска сензација во третото квалификациско коло за пласман на ЕП во Франција со победа против фаворитот Холандија од 2-0.
Исланѓаните компленот ги надиграа „лалињата“ и со головите на Сигурдсон славеа голема победа, со што направија значаен чекор кон континенталниот шампионат во 2016 година.
Сигурдсон погоди од пенал во 10. минута, а истиот играч ги докусури Холанѓаните со уште еден погодок во 42. минута. Со три победи и без примен гол Исланд е лидер во А групата, а ист број на бодови, 9, има и Чешка по денешниот триумф над Казахстан од 4-2.
Вистинска голеада имаше на мечот Хрватска – Азербејџан, а домаќините во Осијек ја наполнија мрежата на избраниците на Берти Фогст и победија со 6-0.
Италија со многу мака ја победи Малта со 1-0, а Турција не успеа да ја победи Летонија на гости, на меч што заврши нерешено, 1-1.
Останати резултати: Норвешка – Бугарија 2-1, БиХ – Белгија 1-1, Велс – Кипар 2-1, Андора – Израел 1-4.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


