
Косовскиот министер за внатрешни работи, Бајрам Реџепи изјави дека графитите на ѕидовите на помошните објекти и ѕидот со кој е ограден дел од манастирот Дечани ги напишале тројца малолетници.
– Имаме информации дека графитите ги напишале тројца малолетници. Но, полицијата ја продолжува истрагата за овој вандалски чин. Полицијата ќе разговара со родителите на тројцата малолетници со цел вакво нешто да не се повтори, изјавил Реџепи за косовската радио телевизија, редакција на српски јазик.
На ѕидовите вчера осамнаа графити со написи „ИСИС“, „УЧК“, „АКШ“ како и две пораки на арапски јазик.
Сквернавењето на имотот на средновековниот православен манастир Високи Дечани остро го осудија косовската претседателка Атифете Јахјага, која овој вандализам врз имотот на манастирот во Дечани го смета за грозен и неприфатлив чин, како и премиерот во заминување Хашим Тачи, кој побара пред лицето на правдата да се изнесат оние кои го „извалкале манастирот“.
Во соопштението на Рашко-Призренска Епархија, под чија надлежност е манастирот, најостро се осудуваат „исламистичките и албанските националистички графити“, како „уште една во низата провокации против Високи Дечани и христијанските храмови на Косово и Метохија“.
За безбедноста на манастирот Високи Дечани и тамошното монашко братство се задолжени италијанските припадници на КФОР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


