| четврток, 6 декември 2018 |

Потресно сведоштво на бегалец: Кобане е прекриен со обезглавени тела

Во Кобане со денови се водат улични борби за опстанок, а според последните информации, повеќе од половина од градот е под контрола на радикалните исламисти. Курди, кои некако успеале да избегаат од пеколот на Кобане, за британскиот „Сандеј пипл“ сведочеле за ужасите на војната во градот под опсада. 
IRAQ-UNREST
Трауматизираните цивили зборувале за „дрогирани варвари кои буквално уживаат во обезглавувања на луѓето кои ги сметаат за непријатели“. 

Екрам Ахмет(40), кој со сопруга и пет деца избегал од Кобане раскажал дека градот бил полн со цивили, возрасни луѓе, кои одбивале да заминат и да ги напуштат своите синови кои останале да го одбранат. 

– Многу луѓе немаат каде да одат, а уште повеќе се заглавени помеѓу градот и турската граница. Тие се на бришан простори и чекаат спас или сигурна смрт. Исламистите се животни. Тие не се луѓе. Жедни се за крв како ниту едно животно што го знам. Најмногу сакаат да обезглавуваат луѓе, како тоа да им е заштитен знак – раскажал Екрам. 

Тој е уверен дека џихадистите се под влијание на наркотици. 

– Валкани се, зараснати во коси и во бради и со долги, црни нокти. Постојано голтаат апчиња од што стануваат уште полуди, понервозни и повозбудени – додал тој констатирајќи дека апчињата, всушност, се амфетамини кои кај џихадистите ја поттикнуваат желбата за убивање. 

Екрам раскажал и дека еден од неговите синови бил фатен од страна на џихадистите и ставен во ред за стрелање, но тогаш врз нив бил отворен оган и детето успеало да избега. Кога дошло дома, ги затекнало родителите како ги погребуваат убиените соседи. Потоа, целото семејство заминало од Кобане. 

Екрам, кој по занимање е инженер, раскажал и дека пред да избегаат од градот, еден негов пријател, универзитетски професор, го замолил да му помогне да го погребе своето убиено семејство. На сите им биле отсечени главите. Никаде не можеле да ги најдат зашто исламистите ги задржале како трофеи. 

Човекот зборувал и за лош однос на турските војници кои ги пречекале на границата, а весникот објавил и приказна на едно курдско момче кое заедно со својата сестра тргнало од Кобане кон Турција. Исламистите ја фатиле сестрата, додека момчето успеало да се скрие. Девојчето било силувано, а потоа убиено. 

Според последни информации, околу 150 деца на различна возраст се наоѓаат во Сурук, втор пограничен град во близина на Кобане. Репортерка која работела интервјуа за британскиот магазин се сретнала со нив и кога ги замолила да ги кранат рацете ако нивните татковци се борат за Кобане, сите, без исклучок, тоа го сториле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top