Католичката црква не е против легализaција на истополовите партнерства, но смета дека тие не треба да се изедначуваат со бракот,
јави ДПА, повикувајќи се на изјава на претставник на Ватикан.
– Црквата е против користењето на истата терминологија за хомосексуалните и хетеросексуалните партнерства, изјави монсењор Бруно Форте.
Човековите суштества со различно искуство имаат права кои треба да се заштитуваат, додаде тој, имајќи ги предвид истополовите партнерства.
Според него, можното регулирање на овие права е прашање на почитување на достоинството на луѓето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.