Ние луѓето често сонуваме да можеме да летаме. Кога замислуваме некои добри суштества, ги отсликуваме со крилја. Супермен може да лета, исто како и ангелите. Сето ова значи дека ние луѓето, едноставно, им завидуваме на птиците.
Дури и по децении истражување на дивината, никогаш не стана јасно како точно од еволуцијата потекнува нешто толку прекрасно, толку совршено, како пердуви, кои им овозможуваат да летаат.
Со топлокрвни, високоенергетски тела, птиците имаат силни четирикамерни срца и мозоци, кои се многу поразвиени од тие на влечугите од кои потекнуваат. Птиците инвестираат многу време и енергија во одгледувањето на малечките.
Сè е базирано на високи нивоа на интелигенција. Се тврди дека некои птици се толку паметни колку и големите мајмуни. Затоа не е чудно што тие се едни од најиспитуваните животни на Земјата.
Убијци со вградени придушувачи
Птиците-грабливки може да се опишат самокако совршени. Во човечките очи тие се олицетворение на сето тоа што ни влева страхопочит пред дивината. Ноќните птици-грабливки спаѓаат во посебна поткатегорија: станува збор за бувови, се разбира.
Од нив, 249 вида имаат светло лице со големи очи, што нè потсетува на луѓето и, можеби, тоа е една од причините што ги поврзуваат со исклучителна интелигенција. Бувовите не се како лилјаците, но кога станува збор за работа при слаба светлина, навистина се најдобри птици на светот.
Очите им се фиксни во орбитите, па за да компензираат, тие алармантно и, навистина, на човечки начин ја вртат главата. Тоа го прават со натчовечка брзина и нè тера да мислиме дека бувови ја вртат главата за 270 степен. Тие имаат 14-цервикален ‘рбет поради кој можат да го направат ова движење.
Слухот на бувот е околу 10 пати подобар од човечкиот. Некои видови имаат асиметрично распоредени уши, што им овозможува точно да го локализираат изворот на звукот: снежните бувови, на пример, можат да се спуштаат директно на глодар, скриен во тунел под снегот. Во исто време, тие имаат уникатна способност да летаат без да прават звук. Бувовите имаат тенденција да летаат многу бавно за да го гледаат светот детално преку своите основни изострени сетила – видот и слухот, а притоа тоа го прават целосно бесшумно.
Крилја што удираат 80 пати во секунда
Се разбира, станува збор за колибри. На светот нема суштество слично на него. Во однос на маневрирање и на флексибилност тие се врв. Тие ги движат крилјата толку брзо што не се гледаат и изгледаат како „заковани“ во воздухот.
Колибрито може да лета наназад, исто толку добро колку и нанапред, и е толку мало суштество што изгледа како инсект. Од сите птици на светот, колибрито го има најскапиот начин на живот од енергетска гледна точка. Во целото животинско царство само некои инсекти имаат побрз метаболизам.
Нектарот е во центарот на нивните животи, но сам по себе тој не е доволен. Тие треба да го надополнат со протеин од инсекти и пајаци со меки тела. Интересно е дека ритамот на нивното срце може да достигне 1.260 отчукувања во минута, а е околу 250 отчукувања во минута, кога се во мирување. Нивната телесна температура е околу 41 Целзиусов степен, а во текот на ноќта паѓа до 21 степен.
Трскар
Трскарот е мала кафена птица, навидум апсолутно незабележителна. Но кога ќе запее, се претвора во една од најпознатите и екстравагантни птици на планетата.
Трскарот може да пее без прекин во текот на цел час, во кој ќе создаде песна со таква духовитост и генијалност, да ве натера да слушате вчудоневидени. Оваа птица е најпозната по тоа што во својот репертоар вклучува и песни на други видови птици, што понекогаш ги менува според своето видување.
Трскарот е еден од најголемите пејачи во светот. Навидум безначајн, се спојува со својата околина и успева да ги испее сите бои што недостигаат во неговиот колорит.
Хулиганите на природата
Ако станува збор само за птичји лет, тогаш ништо не може да се спореди со свифтот. Што мислите, колку време поминуваат во летање? Одговорот ќе ги натера дури и незаинтересираните за птиците да се зачудат.
Откако ќе научат да летаат, повеќето свифтови нема да слетаат додека не дојде време да се размножуваат, а тоа може да потрае цели четири години. Растојанието не значи ништо за еден свифт. Пресметано е дека можат да прелетаат 805 километри на ден.
Свифтовите дури и спијат додека летаат. Нивната преселба до Африка, која се случува еднаш на две години, се чини дека е нивното најкратко патување. За свифтовите може да се каже дека тие не летаат, тие се лет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






