Популарната Тејлор Свифт во моментов работи на нови песни заедно со Кање Вест и Келвин Харис, но, како што објавуваат американските таблоиди, постојат гласини дека таа најмногу од сѐ сака да сними дует со Бијонсе.
Како што објави „Холивуд репортер“, Тејлор е голем обожавател на Бијонсе и затоа сака да сними дует токму со неа.
– Тејлор би убила човек за дует со Бијонсе. Тоа би било остварување на нејзините соништа. За идејата сѐ уште не ја прашала Бијонсе, но тоа дефинитивно е на нејзината листа на желби – изјави извор близок до Тејлор.
Тој вели дека Тејлор во моментов се подготвува за светска турнеја и нема многу слободно време, но доколку Бијонсе би побарала да снимат дует, таа веднаш би го прифатила тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.