| четврток, 6 декември 2018 |

Му здосади да прима голови, па сам си ја затресе мрежата (видео)

Голманот на Гибралтар, Џордан Перез, си даде неверојатен автогол на дуелот со Република Ирска што заврши со победа на фаворитот од 7-0.

На Перез, веројатно, му здосади да прима голови, па сам си ја затресе мрежата на смешен начин во 52. минута, со што Ирците поведоа со 5-0. Претходно Роби Кин даде експресен хет-трик за само 13 минути, Меклин зголеми на 4-0, па на сцена стапи голманот на Гибралтар со автогол за 5-0, а до крајот уште еднаш Меклин се запиша во листата на стрелците и за крај прецизен беше Хулахан. Гибралтар ги игра историските први квалификации во Европа откако стана полноправна членка на УЕФА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top