| четврток, 6 декември 2018 |

СЗО: Еболата е најголема здравствена криза на модерното време

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека епидемијата на ебола во Западна Африка е најтешка, најакутна здравствена криза на модерното време и оти економската штета од кризата може да се намали ако луѓето бидат адекватно информирани.

ebola-dead

Генералната директорка на СЗО, Маргарет Чан, истакна дека 90 проценти од економските трошоци на која било епидемија се резултат од „ирационалните и неорганизирани напори на јавноста за избегнување на заразата“.

Во соопштението од Чан, прочитано на регионалната конференција за здравство во Манила се истакнува дека едукацијата на јавноста за каква било епидемија претставува „добра одбранбена стратегија“.

Од ебола во Западна Африка досега починаа повеќе од 4.000 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top