| четврток, 6 декември 2018 |

Откриена голема тајна – на погребот на Тито, во ковчегот имало само песок

Од медицински и хигиенски причини било одлучено погребот да се изврши без неговото тело.

Погребот на Јосип Борз Тито, на 8 мај 1980 година, не можел да помине без некоја местенка на Службата за државна безбедност, а според трдењата на Обрен Ѓорѓеиќ, некогашен началник на СДБ на Србија, во кочегот прекриен со знамето на СФРЈ, не бил Тито, туку тој бил полн со песок!

– Кога Јосип Броз Тито почина, поедини членови на Претставништвото на СФРЈ, пред сѐ Стеван Дроњцки и Стане Доланц, сакале да го балсамираат и да го стават во мавзолеј, каков што има Ленин на Црвениот поштад. Но, телото на Тито било преполно со разни лекови, па прерано почнало да се распаѓа и да шири околу себе непријатен мирис. Од медицински и хигиенски причини одлучиле погребот да се изврши без неговото тело. Во ковчегот кој бил изложен во Сојузното собрание имало песок, тврди негогашниот началник на СДБ на Србија, Обрен Ѓорѓевиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top