Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ ужива во својата земја, а покрај тоа што е одличен фудбалер, докажа и дека е одличен риболовец.
Тој поминал цело попладне со легендарниот рибар Клеас, а сето тоа го сподели со неговите фанови на социјалните мрежи.
– Денес имавме неколку часа слободно време по тренингот и ги искористив да одам на риболов со легендарниот рибар Клеас. Успеавме да фатиме две прекрасни штуки. Непобедливо попладне – напиша Ибрахимовиќ на својот профил на „Фејсбук“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.