Еден гол, ама вреден три бода постигнаа Украинците за победа против Македонија. Сидорчук е јунакот на домаќините за првиот триумф на еден од фаворитите во групата Ц за пласман на ЕП во Франција. Јармоленко утна и пенал за Украина, а шанси имаше и Македонија. И тоа одлични, особено онаа на Адис Јаховиќ, кога Пјатов со неверојатна интервенција спречи предност на гостите во првиот дел.
Кога не се користат такви шанси, во фудбалот следува казна, а ни ја испорача Сидорчук во незгоден момент, во втората минута од судиското продолжение од првото полувреме. И во вториот дел имавме неколку обиди за израмнување, но кога не оди, не оди. Македонија загуби, а можеше да освои барем еден бод. Сега на ред е нов предизвик, во ноември ни гостува забревтаната Словачка, селекција што ги победи и Украина и Шпанија и Белорусија, и се наоѓа на вистинскиот пат за ЕП во Франција 2016.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)