Словачка си поигрува со противниците во нашата група од квалификациите за Европското првенство во Франција и по три кола има максимални 9 бода. Хамшик и соиграчите веќе ги пакуваат куферите за пат во Франција, а за нив особено е значајно што ги победија главните конкуренти во групата Ц. Прво на гости ја совладаа Украина, потоа и главниот фаворит Шпанија на свој терен, а вчера беа подобри од Белорусија со 3-1 повторно на гостински терен.
Одлична резерва на бодови пред продолжението на квалификацискиот циклус и пред дуелот со Македонија на 15 ноември во Скопје.
Марек Хамшик со два гола беше креатор на новиот триумф на Словаците, Шестак со погодок во финишот само ја запечати победата на гостите, а Калачев беше стрелец на почесниот погодок за Белорусија.
Со евентуална победа во Скопје, Словачка уште во ноември може да го визира патот за Франција бидејќи ќе има два меча против аутсајдерот Луксембург, и нови 6 бода, што би значело гаранција за настап на ЕП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)