Легендарниот 78-годишен актер, продуцент и режисер Роберт Редфорд е добитник на престижната награда „Чаплин“, која ја доделува филмското друштво „Линколн центар“.
Наградата за животно дело ќе му биде доделена на основачот на најголемиот светски фестивал на независниот филм „Санденс“ следниот април во Њујорк.
Доделувањето на споменатите награди почна во 1972 година, а прв добитник е Чарли Чаплин. Меѓу наградените се и Алфред Хичког, Вили Вајдлер, Лоренс Оливие, Федерико Фелини, Елизабет Тејлор, Бет Дејвис, Роберт Алтман, Мартин Скорсезе, Дајен Китон, Мерил Стрип, Том Хенкс, Сидни Поатје, Кетрин Денев и Барбара Стрејсенд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.