| четврток, 6 декември 2018 |

Славни со најмногу бракови и разводи (фото)

a1

Елизабет Тејлор

Помеѓу ѕвездите со свадби на векот, има вистински рецивидисти. На врвот секако е Елизабет Тејлор, која помеѓу 1950-1991 година се мажи 8 пати, од кои два пати со Ричард Бартон и има две свадби со еден развод помеѓу нив.

A2

Лајза Минели

Лајза Минели се венчала 4 пати, од кои прв пат на едвај 18 години.

Френк Синатра

Френк Синатра

Пеачот Френк Синатра исто така се обидувал да си ја пронајде среќата со 4 различни сопруги.

Меѓу нив се две вистински ѕвезди како Ава Гарднер и Миа Фароу. Љубовта со втората пламнува кога тој има 50 години, а таа 21 година. Инаку на Ава Гарднер бракот со Синатра и е трет.

a4

Мерилин Монро

Мерилин Монро официјално има три брака, а првиот го склучува на само 16 години. Иконата на илјадници жени останува несреќна во приватниот живот, а улогата која и донела најголема популарност , е таа на љубовница на претседателот Џон Кенеди.

Брижит Бардо

Брижит Бардо

Засега со четири брака, а веројатно така и ќе остане е француската актерка Брижит Бардо, која неодамна наполни 80 години. Таа прв пат се венча на 18 години со Роже Вадим во кога е лудо вљубена. Тој пак по бракот со ББ се жени уште 4 пати.

Чарли Чаплин

Чарли Чаплин

Ѕвездата на немиот филм не бил само тивок комичар. Упорно си ја барал среќата, женејќи се 4 пати. Последниот брак го склучува во 1943 година, на свои 54 години. Невестата е тогаш 18 годишната Уна О`Нил. Таа е ќерка на пистаелот Јуџин О`Нил и му раѓа на Чарли Чаплин 8 деца.

Приказната на Елвис Присли и Присила исто така е интересна. Врската им започнува, кога Присила имала едвај 15 години, но се венчаат 7 години подоцна во 1967 година.

Од современите ѕвезди со по два брака пред сегашните се Анџелина Џоли и Ким Кардишјан.

Принцот од Монако, 56 годишниот Алберт официјално оженет со Шарлин од 2011 година, очекува близнаци од неа кон крајот на годината. Но до ден денес се шпекулира околу тоа колку вонбрачни деца има тој. Сигурно е за две – Јасмин Грејс Грималди (22г.) родена од неговата врска со американката Тамара Ротоло и Александар Кост (11г.) од темнокожата Јасмин Кост од Того, која била стјуардеса во “Ер Франс“. Алберт ги има признаеноЈасмин и Александар, но се шират гласини за уште две негови вонбрачни деца, едното родено малку пред свадбата со Шарлин, заради што таа се обиде да побегне пред свадбената церемонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top