Повеќе од 6 илјади штедачи во наредните неколку дена ќе добијат по 1 отсто од своите признати заштеди, кои ги загубија по пропаѓањето на штедилницата и менувачница ТАТ Битола, која банкротира во 1997 година, пишува Нова Македонија.
По продажбата на златото и на златниот накит на Соња Никoловска, кои со правосилна судска пресуда им беа доделени на штедачите, за нешто повеќе од 150.000 евра и со средствата од продажбата на хипотеките, стечајниот управник на ТАТ, Душко Јанкуловски, и стечајниот судски совет донесоа одлука да им исплатат на „татовци“ по 1 отсто од штедните влогови.
Иако ваквото обесштетување е минимално, ги израдува штедачите на ТАТ, а посебно штедачите со повисоки штедни влогови.
За обесштетување на штедачите ќе бидат издвоени преку 15 милиони денари, а со ова обесштетување ќе бидат опфатени над 6.000 штедачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.