| четврток, 6 декември 2018 |

УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Битола потсети: ТАТ беше бонбона бизнис?!

На битолскиот Широк сокак денеска помина поворка од граѓани со транспаренти кои потсетија на големиот грабеж кој се случи пред 18 години.

TAT_002

Телевизија „Тера“ објависледнава изјава на учесниците:

-Пред точно 18 години во Битола се случи најголемиот финансиски геноцид во историјата на независна Македонија. Немаше семејство во градот кое не беше погодено од криминалната пирамида која им ги зеде тешко стекнатите заштеди, им ги присвои имотите, им ги уништи животите. Темниот облак на ТАТ се надвисна и врз детството на на нашата генерација. Денес ние пораснавме и должни сме во името на сите погоедени, на сите кои ги загубија животите во оваа трагедија да побараме одговор. Кому му пречеше Битола? Зошто? И што е најважно, што ако тие луѓе сеуште демнат и повторно се обидат да ни ја украдат државата? Ние сме сеуште тука, поучени од лекциите во минатото решени да останеме и со своето знаење да се избориме за поубава и просперитетна Македонија, изјави Николче Ристевски-УМС на ВМРО-ДПМНЕ

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top