| четврток, 6 декември 2018 |

Села и реформаторите денеска во „акција“ против Тачи

ziadin sela

Откако лидерот на ДПА Мендух Тачи вчера ја одби довербата на конгресот на неговата партија и обезбеди поддршка за нов четиригодишен мандат на чело на ДПА, струшкиот градоначалник Зијадин Села, кој тврди дека го предводи реформатоското крило во партијата, стапува во „акција“. Тој на конгресот, иако не директно, беше посочен како „купен политичар, кој работи за ДУИ. Беше посочено дека ДПА и понатаму е силна и единствена и дека станува збор за „купени политичари. Села денеска во скопската општина Сарај  заедно со неговото „Движење за реформа во ДПА“ ќе одржи „реформаторско собрание“ со последна порака до Тачи, конечно, да се оддалечи од лидерската позиција поради „постојаните порази што ги доживува ДПА на изборите поради него“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top