| четврток, 6 декември 2018 |

Гигс до бројката од 1000 во дуелот на титаните

Рајан Гигс ќе го одигра илјадитиот натпревар во својата кариера на дуелот против Реал. Ветеранот на Јунајтед е убеден дека натпреварите со Реал Мадрид секогаш биле нешто специјално. „Атмосферата е тотално различна. Ќе биде сензационален натпревар и сигурен сум дека ќе одиме понатаму. Нашиот тим е навистина силен“.

Гигс сè уште ги пaмти своите два двобои од претходно со Реал Мадрид (пред 10 и 13 години). Споменот од хет-трикот на бразилецот Роналдо е особено болна тема: Секој нов пат во Европа учите различна лекција, секако дека раните погодоци на Реал таа вечер ја направија нашата задача потешка, се надевам нема да биде исто и денес. Ќе се потрудиме први да поведеме. Доколку не се случи тоа, сепак располагаме со доволно самодоверба да се вратиме во натпреварот како многупати досега во сезонава“.

Запрашан за неговите најдобри моменти во кариерата, Гигс без двоумење го спомена и аплаузот на „Бернабеу“:Беше чудно бидејќи истрчав на теренот за да му помогнам на својот тим и не го ни почувствував. Дури подоцна помислив на тоа и  навистина беше голем момент за мене и им се заблагодарувам на фановите на Реал за таквиот гест. Навистина е посебно чувството кога фановите на еден голем клуб ќе ви покажат колку ве ценат“.

Извор: klizac.com

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top