| четврток, 6 декември 2018 |

11 правила на ИСИС за новинарите доколку сакаат главата да им остане на раменици

irak-isis-terorizam-kurir-stampano-1410560876-566913

Милитантите на ИСИС имаат издадено правила за репортери кои известуваат во деловите кои се под  нивна контрола. Тие со правилата репортерите ги принудуваат да станат „поданици на Исламската држава“. Во случај да се прекршат правилата се заканува опасност – прекршителот да биде „повикан на одговорност. Според  британски „Индепендент“ во правилата точно е определено со кои медиуми може да се работи. За секоја вест, сторија што треба да се објави, било во медиум или на социјалните мрежи е потребна дозвола.

ИСИС во пропагандните материјали како илустрација за тоа, што може да им се случи на оние кои ќе бидат „повикани на одговорност“ ги користат обезглавувањата на двајцата американски новинари, како и продолженото држење во заложништво на британскиот фоторепортер Џон Кантли.

Новинар во Деир Еззор, Амер, за „Сирија дипли“ посочува дека откако овој град паднал во рацете на ИД, ИСИС свикал состанок со независните новинари. Им било посочено што е доѐволено, а што не и им била дадена листа на цврсто одредени услови за сите оние што сакаат да ја продолжат својата работа. 11 правила мора секој да ги почитува, доколку сака да „си ја задржи главата на рамениците“.

Прво правило: Сите новинари мораат да положат заклетва пред калифот Абу Бакар ал-Багдади. Со тоа стануваат поданици на ИД и како такви мораат да му бидат предадени на својот имам.

Второ правило: Работата на новинарите ќе биде под надзор на канцеларијата за медиуми на ИД.

Трето правило: Новинарите можат да работат со меѓународните новински агенции, но не смеат да работат со меѓународни и локални сателитски ТВ-канали.

Четврто правило: Забрането е да се соработува со ТВ-канали што се наоѓаат на нивната црна листа поради борба против ИД – „Ал-Арабија“, „Ал-Џезира“, „Ориент“.

Петто правило: Смеат да покриваат настани на терен без да им се јавуваат на канцелариите за медиуми на ИД. Сите објавени написи и фотографии мора да бидат потпишани со име и презиме на новинарот и на снимателот.

Шесто правило: Не смее да се објавува репортажа без претходно да ѝ се јави на канцеларијата за медиуми на ИД.

Седмо правило: Смее да се има профил на социјалните мрежи, како и блогови на кои се објавуваат фотографии и вести. Но, медиумските работници на ИД мора да ги имаат адресите и имињатана сите профили и страници.

Осмо правило: Мора да се почитува правилото дека во тек на фотографирањето на теритоиријата на ИД, не смеат да се снимаат локации и сигурносни настани на кои тоа е забрането.

Девето правило: Канцелариите за медиуми на ИД ќе ја следат работата на локалните новинари на територијата на ИД и во државните медиуми. Кршењето на правилата ќе резултира со суспензија на новинарот и тој ќе биде санкциониран.

Десето правило: Правилата не се конечни и се задржува правото на нивно менување во кој било моментдоколку се променат околностите или од причини што произлегуваат од соработката на новинарите и од нивната предаденост на нивните браќа од ИД кои работат во канцелариите за медиуми на ИД.

Единаесто правило: Новинарите ќе добијат лиценца за работа. За тоа треба да поднесат молба во канцеларијата за медиуми на ИД.

Преземено од Телеграф

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top