Луис Хамилтон е победник на првата трка во Сочи во Формула 1, а Британецот испиша историја и ќе остане запаметен како прв шампион на патеката во рускиот град.
Второто место го освои Розберг, а зад него на подиумот се искачи и Ботас. Трката мина во специфично емотивно расположение, а пред стартот на трката сите пилоти му порачаа на Жил Бјанки дека се со него и му посакуваат брза рехабилитација по тешката повреда на претходната трка во Јапонија.
Хамилтон води во генералниот пласман со 294 бодови, зад него е Розберг со 279, а третопласиран е Рикијардо со 199 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


