Жителите на двата најпогодени департмани Гард и Херо се предупредени да останат во своите домови. Сите спортски и културни манифестации беа откажани, пазарите затворени во очекување на новите поројни дождови кои во текот на денов ќе го погодат јужниот дел на Франција, јавува дописникот на МИА од Париз.
Станува збор за истите департмани и региони кои веќе беа погодени пред десетина дена од поројни дождови и поплави. Метео Франс издаде предупредувачки метеоролошки билтен, во кој претпазливоста е подигната на највисокото црвено ниво. Според предвидувањата денес се очекуваат меѓу 100 до 200мм на дожд во трите департмани Еро, Гард и Лозер, а на некои како на аксата Севен меѓу 200 до 300 мм, што е големо количество ао се знае дека изминативе денови мепи 29 септември и 6 октомври заврна дожд колку што врни за скоро цела една година.
За да се справи со ситуацијата, властите најавија испраќање на засилување со пожарникари, војници и Цивилна заштита, вкупно 448 лица поделени во 12 спасувачки групи за живи води 17 групи за делување на поплавените подрачја.
Се на се на теренот има околу 750 припадници на спасувачките екипи со потребниот материјал и шест хеликоптери за пружање на помош на загрозените општини.
Во првиот бран на поројни дождови на 17 и 18 септември животите ги изгубија шест лица, од кои четири во еден кампинг во Ламалу-лес-бан во Херо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.