Заменик шефот на иранската дипломатија Хусеин Амир Абдолахиан изјави дека Техеран го предупредил Вашингтон дека безбедноста на Израел ќе биде загрозена, доколку САД и нивните сојузници ќе се обидат да го соборат сирискиот претседател Башар ал Асад во име на борбата против исламистичките екстремисти.
Абдолахиан потврди дека неговата земја и САД разменуваат пораки во врска со борбата против џихадистите на ИД.
Тоа е првпат висок ирански дипломат да потврди дека Вашингтон и Техеран преговараат во борбата против Исламска држава.
Иран го поддржуваше Асад за време на тригодишната граѓанска војна во Сирија, а САД ја исклучија можноста да соработуваат со режимот на Асад во борбата против ИД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.