| четврток, 6 декември 2018 |

Училиштата во Техеран затворени поради аерозагадувањето

Основните училишта во целата покраина Техеран, освен во три помали градови, денеска ќе бидат затворени, поради големо атмосферско загадување, соопштија локалните власти.

Властите исто така одлучија да го прошират системот на возење „пар-непар“ низ целиот град Техеран, кој има околу 8,5 милиони жители.

– Концентрацијата на ситни честички (ПМ2,5) денеска во просек изнесува 144 микрограми по метар квадратен во целата престолнина, а во некои места дури 169 микрограми- соопштија градските власти.

Светската здравствена организација препорачува стапка до 25 микрограми на метар квадратен во просек на 24 часа.

Училиштата во средината на декември беа затворени неколку дена поради загадување.

Весниците во Иран пишуваат дека влијанието на издувните гасови во загадувањето во градот Техеран, каде што сообраќајните метежи се секојдневна појава, е 80 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top