| четврток, 6 декември 2018 |

Во Иран се урна полициски авион

авион

 Полициски авион со седум лица се урна синоќа на југоистокот на Иран. Засега не се зна судбината на луѓето во авионот, јави иранската државна агенција.

Пропелерот на авионот е пронајден во близина на градот Захедан.

Во авионот имало тројца членови на екипажот и четворица патници чиј идентитет не е објавен.

Авионот полетал од Техеран кон југоистокот на земјата заради истрага за напад врз полицијата.

Во авионска несреќа во август во Иран загинаа 39 лица.

За зачестените авионски несреќи во Иран се обвинуваат дотраените летала и лошото одржување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top