| четврток, 6 декември 2018 |

Притвор за службениците на косовското Министерство за здравство

косово

Судијата во Основниот суд во Приштина, синоќа одреди 30-дневен притвор за деветтемина службеници на косовското Министерство за здравство, под сомнение дека ја злоупотребиле службената должност, јави Танјуг.

Министерот за здравство Ферид Агани е приведен под истото сомнение во полиција и дал изјава, по што е пуштен.

Деветтемина осомничени пред два дена се приведени поради основано сомнение дека ја злоупотребиле службената положба во Министерството за здравсто во соработка со лекари од приватни клиники, а во врска со стентови за срце.

Тахир Рецај, адвокат на осомничениот лекар од Македонија Борче Петровски, изјавил за „Косовапрес“ дека судијата за таквата одлука немал ниту една законска причина.

 – Обвинителот не ја потврди вистинитоста на основаното сомнение, што е главен услов за одредување притвор, потоа не се исполнија останатите услови кои се бараат врз основа на законот за одредување притвор, меѓутоа, судијата го усвои барањето на обвинителот рече Рецај

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top