Репрезентацијата на Полска го победи актуелниот светски шампион Германија со 2-0 во второто коло од квалуификсцискиот циклус за пласман на ЕП во Франција.
Ударот го најави Милик во 51. минута, а „елфот“ во Варшава го докусури Мила со прекрасен гол во 88. минута. Германците имаа иницијатива во текот на целиот меч, упатија дури 22 удари кон голот на Шчесни, но ниту еднаш не беа прецизни. Полјаците одиграа помудро и со два гола го нокаутираа актулениот фудбалски шампион. По две кола Полска има 6 бода со импресивна гол-разлика од 9-0, додека Германија со 3 бода е на делба на третата позиција со Шкотска.
Во останатите 4 меча, што се играа вечерва Албанија и Данска одиграа нерешено, 1-1, идентично беше и во Финска каде гостуваа Грците, а Северна Ирска ја оправда улогата на фаворит со победа од 2-0 против Фарски Острови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.