| четврток, 6 декември 2018 |

Талибанците се заканија „ги острат ножевите за Малала“

tvit protiv malalaПортпаролот на талибанската таллибанска група на Твитер објави дека неговата организација „подготвува да ги наостри ножевите за нешријателите на исламот“, како одговор на доделувањето на Нобеловата награда за мир на 17- годишната Малала Јусуфзеи, над која талибанците извршија обид за атентат пред две години.

Западните медиуми го пренесоа ставот на една група талибанци кои се одвоија од пакистанските талибанци, кои оценија дека „Малала е кукла на западниот културен империјализам“.

Малала стана меѓународно позната кога јавно проговори за правата на девојчињата на образование додека живееше во Свато, Пакистан. Откако талибанците се обидоа да ја убијат, малала живее во Бирмингтон, Велика Британија, каде продолжи да се школува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top