| четврток, 6 декември 2018 |

Кризата продолжува, и Загреб го победи Металург

Резултатската криза како резултат и на проблемост со финансиите продолжува кај Металург, а македонскиот шампион го претрпе третиот пораз во Лигата на шампионите, откако вечерва Загреб беше подобар и славеше со 19-17.

Со многу технички грешки во нападот и со премалку голови за победа на гости Металург и немаше шанса за триумф, иако во средината на вториот дел поведе со 14-12. Домаќините направија серија од 3-0, малку потпомогнати од арбитрите од Словенија и најмногу благодарение на дуото Ивиќ и Хорват. Голманот Ивиќ прокнижи 11 одбрани, а искусниот Хорват постигна 9 гола и имаше реализација 7 од 7 од линијата за седум метри.

Кај Металург Циндриќ бепше најефикасен со 4 гола, а Атман постигна 3, што со вкупниот ефект од 17 постигнати погодоци беше премалку за првите бодови во фазата по групи во ЛШ. Во следното коло Металург игра на домашен терен против Кил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top