Земјата на 400 сирења, родното место на Молиер и на Коко Шанел доживува непредвиден егзодус. Над 2,5 милиони французи сега живеат надвор, а се повеќе и велат „Оревоар“ секоја година.
Француската парламентарна комисија ја истражува ситуацијата со емиграцијата а „Ле фигаро“ посочува за политички несогласувања за причините за иселувањето па додатен извештај ќе биде издаден од опозициската десница. Пратениците од десниот центар се убедени дека луѓето кои се од животна важност за Франција заминуваат заради „впечатокот дека е невозможно да се успее“- пренесе првиот човек на комисијата.
„Постои неработен менталитет, абсурден фискален притисок, недостаток од промоција на можности, како и тежина за долгот кој виси над идните генерации“- наведува за медиумите. Сепак, социјалистите велат дека е невозможно да се поврзе и докаже масовното иселување со доаѓањето на претседателот Оланд во 2012
Но останува јасно изразениот растечки број на емигранти од сите слоеви во општеството од млади кои бараат работа, преку бизнисмени, до пензионери.
Според показателите, Французите најмногу се иселуваат во Велика Британија, Швајцарија, Белгија и германија. Францускиот конзулат во Лондон јави за над 400 илјади Французи кои живеат во Лондон. Тоа е еднакво на популацијата на шестиот по големина град во Франција.
Министерството за надворешни работи регистрирало 1,6 милиони иселувања минатата година. Но тоа е бројката на регистрирани низ француските конзулати надвор, значи реалната бројка е двојно поголема- посочуваат од Унијата на француски иселеници. Нивната бројка е дека иселени се околу 2,5 милиони, но и дека годишниот нивен раст е околу 2 проценти.
„Младите се чувствуваат заглавено, бараат интересни вработувања. Бизнисмените велат дека се оданочувани уште пред да почнат да работат. Пензионерите исто така ќе плаќаат помалку данок надвор“- објаснуваат од таму.
Француската стапка на невработеност е околу 10 проценти. За оние кои најмногу заработуваат, околу 600 лица кои го полнат данокот на богатство со над 800 илјади евра, ја напуштиле Франција во 2012 година, 20 проценти повеќе од претходната година. Премиерот Мануел Валс, неделава од Лондон објави дека најголемиот приход во данокот од 75 проценти, ќе го нема следната година, откако многу бизнис тајкуни и славни се иселија од земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.