| четврток, 6 декември 2018 |

Металург со минус два по првиот дел во Загреб

Металург има негатива од два гола. 8-10 по првото полувреме во Загреб против ППД Загреб, во меч од третото коло во Лигата на ракометни шампиони. Домаќините постојано водеа со еден до два гола разлика, а 30 минути се играше цврсто во одбраната, со малку погодоци.

Наумче Мојсовски и Павел Атман со по два гола беа најефикасни кај македонскиот вицешампион, а Златко Хорват со 5 погодоци кај Загреб ППД е најдобар стрелец по првиот дел

Металург игра ослабен без Ренато Вугринец и Дејан Манасков, аза првпат по подолго време на голот на македонскиот претставник не е и Дарко Станиќ, кој си замина од клубот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top