Во 1993 година жесток критикувач на тогашната власт е новинарот Љупчо Анастасовски чија што насилна смрт потресе многумина. Александар Флоровски, еден од учесниците во креирањето на фељтонот „Мрачното време на транзицијата“ во интервју за Република ги доловува моментите околу смртта на Анастасовски, но и за многу други случаи за кои посочува дека не верува дека станува збор за самоубиство.
-Човекот кој што го спомнувате го знам. Сме разговарале, дискутирале за македонските работи, се работи за човек патриот. Наводно се самоубил во шифоњер, се обесил во него. Мажиште од метро и 90, да се обеси во шифоњер од 1,90 см. Нема логика. Потоа се вадеа афери различни за да се оцрни ликот негов. Толку гадни работи се изнаслушав за него, што не верував дека нивната бедотија ќе оди до таа крајност. Бедотијата на тогашната власт. Во измислување и омаловажување на веќе починати луѓе. Тоа е првата случка која сите нас многу нѐ погоди и нѐ загрижи. Влијаеше врз нас. Почнавме да размислуваме до каде може да одат „овие“. Со своите постапки. Да ликвидираш човек и да го носиш на душа не е едноставна работа. Сето тоа продолжи со низа неразјаснети… демек се самоубиле. Ете Миле Илиевски беше еден од „осумтемина“ (случај од осумдесетите години за истерани од полицијата н.з.). Човекот се самоубива со два куршуми. Човек или веднаш пука во себе или потоа се откажува, пред прагот да го изгуби животот се повлекува. Или самоубиството на вработена во службите во делот за прислушување. Со скокање под воз во Скопје. Може да беше ликвидирана на страна па фрлена тука. Никого не обвинувам, но власта беше должна да ја испита оваа работа. Мое мислење е дека се работи за сомнителни случаи- додава Флоровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


